Јанева спрема Закон за јавно обвинителска служба, за работата ќе информира и на Фејсбук страница
Специјалната обвинителка Катица Јанева преку соопштение до медиумите информира за текот на работата која ја извршува.
Таа соопшти дека е изготвен Предлог Закон за јавно обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар во соработка со Министерството за правда.
„Предлог Законот е изготвен врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство и истиот е доставен до Владата на Република Македонија, а како предлагач се јавува Министерството за правда. Очекуваме Предлог Законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација“, посочува Јанева до медиумите.
Исто така Јанева преку соопштени од специјалното обвинителство информира дека се анализирани на доставените податоци од Јавното обвинителство на Република Македонија со цел да утврди кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се преземе.
Таа посочува дека јавноста за целата работа ќе може да се информира и на фејсбук страницата ТУКА.
„Со цел доследното почитување на начелото на транспарентност и покажувајќи почит кон интересот на јавноста, оформена е и фејсбукс траница, каде редовно ќе бидато бјавувани нашите соопштенија и ставови околу одредени актуелни прашања“, стои во сопштението на СЈО.
