Јанева побара пет предмети, меѓу нив е и „Пуч“
Од специјалното обвинителство соопштија дека се анализирани доставените податоци од страна на Јавното обвинителство за план и работа на предметите .
Велат дека предметите ќе ги бараат во временската рамка која не надминува 15 дена меѓу две барања, согласно итноста и обемноста.
Специјалната обвинителка Jанева веќе доставила барања за 5 предмети: во првиот случај се истражува примање поткуп и злоупотреба на службена положба, во другиот – фалсификување исправа и повреда на избирачко право, од Битолското обвинителство се бара предметот за злоупотреба на службена положба, од Кумановското за неовластено прислушување и тонско снимање, а побаран е и предметот што во јавноста е познат како „Пуч“.
Од обвинителството Јанева бара одговори на побараните предмети да бидат донесени во законски предвидените рокови, кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите и обвинителствата од кои се побарани предметите имаат рок од 8 дена да ги достават истите, а потоа ова Обвинителство во рок од 8 дена треба да донесе одлука за надлежноста.
