Јанева останува да работи со седум специјални обвинители
Советот на Јавни обвинители остана на ставот дека нема потреба од дополнителните седуммина членови кои ги побара Специјалната обвинителка Јанева.
На денешната седница која заврши, Советот одби предлог точката да се најде на дневен ред која беше предложена од еден член.
Оттаму посочуваат дека Советот проценил дека на Јанева нема да и требаат 14, туку само седум обвинители, а некои од членовите посочија дека со таков однос Советот не го почитува Законот за специјално обвинителство изглаан од сите партии во парламентот.
Вчерашната седница на Советот на Јавни обвинители без образложение беше презакажана за денеска претпладне. Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера го доставила списокот со истите 14 јавни обвинители, а разгледувањето е можно да се случи и во текот на денешната седница. Претходно до Советот на јавни обвинители беше испратен допис од страна на четирите најголеми партии со кој се бара да се избере целиот тим предложен од страна на Катица. Од страна на Советот, барањето да се изберат и останатите седум обвинители е оценето како политички притисок. Дали ќе бидат изберени и другите обвинители ќе се знае на седницата на Советот што ќе се одржи денеска. Да се потсетиме дека пред само пет дена тимот кој Јавната обвинителка Катица го предложи беше преполовен од Советот на ЈО и беа изберени само седум обвинители. „Прекршен е договорот“ вака обвинителката Катица Јанева ја дочека одлуката да работи со преполовен тим . Што се однесува до финансискиот план тој е одобрен од Специјалното јавно обвинителство.
Слично
