Јанева нема намера да дава отчет во Собрание
Специјалната обвинителка, Катица Јанева денеска кажа дека нема намера да оди во Собрание и да дава отчет, затоа што според неа извештајот е краток и ги содржи сите потребни информации.
„Што се однесува до поканата на Светот на јавни обвинители и Собранието, јавно кажувам дека немам намера да одам, мислам дека е мал извештај за мал период, нема потреба да образложувам нешто посебно, бидејќи содржи се што е потребно. Доколку почитуваниот Совет и Собрание имаат забелешки ќе ги вклучиме во идниот извештај кој почнавме да го работиме“- кажа Јанева.
За тоа дали има предистражна постапка против државниот обвинител, Марко Зврлевски кој во „бомбите“ се слуша дека си ја знаел работата и стопирал пријави, Јанева изјави дека има предмети за сите лица.
„Има предмети за сите лица, сите се еднакви пред законот, не можам да кажам дали за господинот Марко ќе има преистражна постапка“- додава Јанева.
За случајот „Титаник“ кажа дека ќе се проширува со нови пријави.
Слично
