Јанева не дојде, разгледувањето на извештајот одложено
Разгледувањето на извештајот на Специјалното јавно обвнителство во Советот на обвинители е одложено, затоа што е неопходно присуство на Специјалната обвинителка, Катица Јанева.
Ова го соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски и додаде дека треба да бидат образложени проблемите и најаснотиите кои се наведени. Седницата за оваа точка е закажана за следната недела и повторно е повикана Јанева да учествува.
Аневски не сакаше да коментира за спорните точки и петте предмети кои Јанева ги бара од обвинителствата, а не ги доби под објаснување дека не се дел од нејзината надлежност.
Тука спаѓа и предметот за аферата „Маѓар Телеком“, кој според дел од експертската јавност застарува во мај годинава. Јанева во извештајот наведе дека и за него е покрената предистражна постапка.
„Став беше на Советот на јавни обвинители, тоа не е од сега од минатата година е , дека кога ќе се презентираат извештаите на вишите и основните обвинителства да бидат присутни сите шефовите на обвинителствата, за да не искочи после дека сме донеле заклучоци кои не се точни“- рече Аневски.
Како пример спомна дека државниот обвинител, Марко Зврлевски присуствувал на разгледување на неговиот годишен извештај.
Слично
