Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева на тркалезна маса на Фондацијата Фалконе за борба против корупција

Јанева на тркалезна маса на Фондацијата Фалконе за борба против корупција

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева следната недела ќе учествува на тркалезна маса на Фондацијата Фалконе посветена на борба против корупцијата и во чест на сите борци против мафијата.

Од СJO  потврдија дека Јанева ќе има поздравен говор на тркалезната маса што се одржува на 23 мај во Палермо, Италија. Фондацијата која го носи името на познатиот италијански обвинител, Џовани Фалконе и досега испраќале покани до претставници на државни институции во Македонија, но тие никогаш не присуствувале, и покрај тоа што пред две години Фондацијата и македонското МВР потпишале договор за соработка во областа на борбата против корупцијата и перењето пари.

Фондацијата Џовани и Франческа Фалконе е основана во декември 1992 година во Палермо во чест на обвинителот и неговата сопруга кои биле убиени од сицилијанската мафија во мај истата година. Познатиот италијански судија и обвинител поголемиот дел од својата кариера го посветил на уништување на сицилијанската мафија. Врв на неговата кариера било познатото Макси судење во 1986-1987, но подоцна бил убиен на автопат кај градот Капачи.

Слично

Поврзани вести