Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева:Мојата изјава беше во насока на укажување на важноста на нашите истраги

Јанева:Мојата изјава беше во насока на укажување на важноста на нашите истраги
Откако во медиумите се појавија реакции по вчерашната изјава на специјалната обвинителка, Катица Јанева дека претседателот и Собранието се нелегитимни, денеска таа се огласи со соопштение. Вели дека изјавата беше во насока на укажување на важноста на нивните истраги и улогата на фер и демократските избори во градењето на институциите и нивниот легитимитет, и истата не била во насока на деградирање на државните институции. „Имено, како што и во самата изјава наведов, имајќи ги предвид досега собраните материјални докази кои што укажуваат на бројни нерегуларности кои се случиле во изборниот процес, имаме основано сомневања по односна резултатот од тој изборен процес. Целта на нашите истраги и евентуални обвиненија останува санкционирање на оние за кои што ќе биде докажано дека учествувале во изборни измами и генерална превенција на слични однесувања во правец на обезбедување услови за избори лишени од изборни нерегуларности, со цел изборниот резултат вистински да ја отслика волјата на граѓаните и полна доверба во институциите“ - се вели во соопштението од Јанева. Таа појасни кои се причините поради кои нема да присуствува на седницата на Советот на Јавни обвинители и на Седницата на Собранието на Република Македонија, при што повторно потенцира дека не се работи за непочитување на овие две институции. Имено, согласно законските прописи, а и согласно Уставот на Република Македонија таа има единствено законска обврска да поднесе извештај за шестмесечното работење на ова Јавно обвинителство, кој извештај е поднесен и ги содржи сите елементи кои законот ги пропишува. „Воедно, согласно праксата на работењето на институциите до кои се доставува Извештајот - Собранието на Република Македонија и Советот на јавни обвинители, подносителот на Извештајот никогаш не се повикувал да ја образложува содржината на поднесениот извештај, па така на јавноста не и познато да јавен обвинител или друг претставник на правосудството да образлага свој извештај пред Собранието на Република Македонија. Иста е и праксата на Советот на јавни обвинители, а кое нешто го потврди и самиот претседател на Советот на Јавни обвинители, во својата изјава, кога појасни дека освен Јавниот обвинител на Република Македонија, кој е воедно и член на Советот на јавни обвинители и мора да присуствува на седниците на Советот, никој друг обвинител не бил повикан ниту присуствувал на разгледување на Извештај за работењето на обвинителството. Во оваа насока сакам да укажам и дека барањето на Советот на јавни обвинители јас да присуствувам на Седница на Советот го пренебрегнува  начелото на автономност на ова Јавно обвинителство, согласно кое ниту еден јавен обвинител во Република Македонија, вклучително и Јавниот обвинител во Република Македонија не може да бара извештаи поврзани со предмети од надлежност на ова Јавно обвинителство“ - се наведува во соопштението. Доколку Советот на Јавни обвинители смета дека му се потребни одредени појаснувања по однос на некои други аспекти од извештајот,  Јанева е подготвена  за истите да даде такво појаснување во рамките на можностите.    
Слично

Поврзани вести