Јанева: Многу пари се украдени во приватни џебови, ќе ги вратиме во буџетот!
„Отворивме многу нови истраги поврзани со перење пари и финансиски криминал. Огромни милиони евра се одлеани од Македонија во периодот од 2008 година до денес“, изјави вчера Специјалната обвинителка Катица Јанева.
Таа појасни дека одлука за конфискација судот ќе донесе во постапка определена со закон дури и во случај на аболиција.
„Тоа е наша законска обврска, прибавената корист ќе биде конфискувана, ова е дел и од обврските на Македонија, преземени со меѓународните конвенции.
Ова ЈО продолжува со финансиски истраги со цел незаконси стекнатиот имот да се врати во буџетот, односно на граѓаните. Имаме податоци дека парите се одлеани во приватни џебови. Тие мора да се вратат на граѓаните“ изјави вчера Јанева.
Инаку во бомбите од опозицијата имаше многи информации поврзани со финансиски или друг вид малверзации. Постојеа индиции за провизии од Израел и од Кина, како и за зголемување на цени со цел оштетување на буџетот.
Според меѓународните финансиски институции од Македонија од 2008 та до 2013 (периодот за кој зборува Јанева) се одлеани околу 3 милијарди евра.
КЛИЕНТИТЕ ЕНИГМА, КЕШОТ ИСПРАН: Како се одлеани 5 милијарди долари од МК?
Слично
