Јанева: Ќе има зголемена фреквенција во СЈО по повод сите постапки кои се отворени
Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека во наредниот период ќе има зголемена фреквенција кај нив, поради постапките кои се отворени.
„Во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова Јавно Обвинителство. Согласно Законот за кривична постапка лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“ - изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Деновиве се појави информација дека се отвара постапка за нарачаните шлаканици од екс премиерот Никола Груевски за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
