Јанева ќе добие целосен тим?
За во 16 часот Советот на јавни обвинители закажа седница на која се очекува да биде изберен остатокот од тимот кој го предложи специјалната обвинителка Катица Јанева.
Засега не се откриваат детали за останатите специјални обвинители кои можеби ќе бидат изберени на денешното заседание на Советот, но дел од медиумите брифираат дека петорица од седумте кои не беа изберени е можно да добијат поддршка што би значело дека тимот на Катица би броел 12, наместо нејзините 14 предложени специјални обвинители.
Имено, пред два дена специјалната обвинтелка Јанева ги доби бараните 1 милион евра за работа.
Пратениците и собраниската комисија и дадоа Зелено светло за буџетот што таа го побара и истиот без образложение и реплики на пратениците беше одобрен.
Според она што е објавено во извештајот Катица вели дека тие пари и се потребни нејзе и на нејзиниот тим за плати, истрага, за стручни и надворешни соработници, истражители, како и за трошоци за патувања и истраги во странски земји, кои беа спомнати во неколку аудио снимки од објавените прислушувани разговори, бидејќи целата работа не може да се врши само од канцеларија.
Во извештајот уште се додава дека парите се проектирани како неопходни за Јавниот обвинител да ја изврши оваа, во моментот најодговорна функција во Република Македонија.
Преполовениот тим ја кочеше работата на Катица
На Катица Јанева доста и се 7 обвинители за 30 предмети, е ставот на нејзините колеги кои треба да и дадат амин за конституирање на потребниот тим.
Претседателот Петар Аневски вели дека нема намера да закаже седница за барањето на специјалната обвинителка.
Јанева во писмото бара обвинителите да бидат избрани што поскоро бидејќи роковите за почеток на нејзината работа поминуваат и одеднаш ќе мора да се работат многу по број но и обемени предмети.
Според пресметките на Аневски , сега за сега Јанева има доволно кадар, ако тој и неговиот тим со тек на време одлучат дека им треба повеќе, тие ќе се состанат и ќе и одобрат.
Дали нештата ќе се променат по денешната седница на советот на јавни обвинители?
