Јанева издала налог за апсење на висок функционер на УБК
Специјалното јавно обвинителство издало наредба за претрес и барање за лишување од слобода на висок функционер на УБК, дознава 24 вести од сигурни извори во предистражната постапка.
Овие барања СЈО ги поднело поради опасност од бегство, влијание на сведоци и уништување докази, како и опасност од повторување на делото.
Истите извори велат дека околу 4 ипол часа го чекале кривичниот суд да одлучи и да издаде наредба за претрес во домот на функционерот во УБК, но судот не се согласил.
Како што објавува порталот Нова се работи за Горан Груевски началник на УБК и близок соработник на поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков. Од СЈО најавуваат повеќе детали за утре.
Слично
