Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева испрати обвинители по битолскиот градоначалник

Јанева испрати обвинители по битолскиот градоначалник

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, деновиве испратила обвинители од својот тим да ја истржуваат „бомбата“, во која наводно, се слуша како, министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека договорот за бесплатниот школски превоз во Битола, кој е потпишан од градоначалникот Владимир Телески, е „коруптивен до даска“.

Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури, за тоа колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година.

Ова го потврдил и Драган Стојановиќ, директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, кој информира дека, вчера неколку од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство го посетиле училиштето и собирале докази за бесплатниот школски превоз.

„Обвинителите од Скопје бараа списоци за бројот на ученици, корисници на бесплатниот превоз, за две учебни години. Ние сите документи ги чуваме во архива и им ги доставивме. Ова за нас е дел од работата, тие добиле овластување да постапуваат, а ние, нормално, ќе ги почитуваме законите и ќе соработуваме" - вели Стојановиќ.

Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за бројот на ученици, за релациите, за километражата и за цените на услугите.

Слично

Поврзани вести