Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева: Имам поддршка и нема да молчам!

Јанева: Имам поддршка и нема да молчам!

Долгоочекуваните информации до каде е работата на специјалната обвинителка Катица Јанева денеска за прв пат беа соопштени во јаноста.

Во рамки на своето излагање  обвинителката Јанева цврсто и решително рече дека правдата ќе победи а таа се чуствува слободна и нема да молчи, потенцирајќи ја храброста и поддршката кои ги добива од сите.

„Правдата ќе победи, наспроти  тешкотиите и заканите што доаѓаат од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против мене и моите соработници. Се чувствувам слободна и цврста, бидејќи на моја страна се Уставот,  законите и вашата подршка.  Макар сите да молчат, јас  нема да молчам. Сите ме охрабруваат и јас да бидам храбра и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа. Ме охрабрува и подршката на меѓународната заедница. Подржката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет“, изјави Катица пред новинарите.

Специјалната обвинителка рече дека таа и тимот обвинители се отворени за соработка и соопшти дека СЈО отворило постапки за десетина кривични дела од областа на изборите и гласањето, слободите и правата на човекот и граѓанинот, општата сигурност и имотот, како и кривични дела против службената должност и  државата.

Таа посочи дека  доминираат кривичните дела против изборите и гласањето и побара по  итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО а судските процеси  пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одоговлекување

Јанева ја увери јавнoста дека опструкциите нема да имаат ефект врз работата на СЈО.

Поврзани статии:

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/12/vo-aktsijata-titanik-uapsen-gradonachalnikot-na-pustets/" target="blank" ]Во акцијата „Титаник“ уапсен градоначалникот на Пустец[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/12/istragata-na-janeva-i-titanik-na-sjo-gi-vzheshtija-sotsijalnite-mrezhi/" target="blank" ]Истрагата на Јанева и „Титаник“ на СЈО ги вжештија социјалните мрежи[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/12/aktsija-titanik-na-sjo-pobaran-pritvor-za-litsa-osomnicheni-za-izborna-izmama-na-udar-poraneshni-ministri/" target="blank" ]„АКЦИЈА ТИТАНИК“ НА СЈО: Побаран притвор за лица осомничени за изборна измама, на удар поранешни министри![/button]

Слично

Поврзани вести