Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева и тимот од понеделник се фаќаат за работа

Јанева и тимот од понеделник се фаќаат за работа

Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим од 12 помошници обвинители, од понеделник почнуваат со работа на предметите поврзани со содржинатa од прислушуваните разговори.

 Јанева не откри детали околу бројот на предмети, ниту кога може да се очекуваат првите обвиненија.  Единствено потврди дека  има наплив од странки, со што може да се зголеми и бројот на предмети од првичните 28, кои веќе беа отворени во скопското и Обвинителството за организиран криминал.

Дванаесетте обвинители избрани за помошници во Специјалното обвинителство се заколнаа дека чесно и непреистрасно ќе ја вршат својата работа, согласно Уставот и законите.

За двајцата обвинители што отпаднаа од листата, Јанева не ја кажа причината, туку само рече дека дека така се договориле нејзиниот тим, таа и Советот на јавни обвинители.

Специјалната обвинителка не сакаше да ја искоментира ни одлуката на Кривичниот суд со кој „бомбите” се отфрлија како доказен материјал.

Буџететот за работа на специјалното обвинителство беше одобрен минатата недела, а пред два дена се обезбедија и просториите за работа, во старата зграда на Агенцијата за млади и спорт.

Слично

Поврзани вести