Јанева бара, Судот не дава притвор за битолскиот градоначалник
Нема притвор за битолскиот градоначланик Владимир Талески.
Ова е исходот од денешниот распит во Судот на Талески кој Специјалното јавно обвинителство го сомничи во истрагата „Транспортер“.
Имено, градоначалникот на Битола СЈО го товари дека злоуптребувал буџетски пари за училишен превоз во општина Битола.
Во јавноста случајот се појави кога од бомбите на Заев, поточно од разговорот меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески и екс-министерката Гордана Јанкулоска, кои зборуваат за обидите на Талески, да ги наплати парите за скапиот училишен прево
Хера турс, Џемс турс, Турист превоз и други се првозниците кои се вклучени во истрагата .
Пред три дена во истиот случај Судот му го укина домашниот притвор на осомничениот С.Б.
Судот одлучил против него да се определат мерки на претпазливот како мерки за обезбедување на негово присуство во истрагата.
„По разгледување и ценење на предлогот на СЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја укина мерката куќен притвор и определи мерки за претпазливост, забрана за напуштање живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа и обврска обвинетиот да се јавува во судот во Битола“- стои во одлуката.
До моментот од Судот немаат официјално соопштение по повод денешната одлука за одбивањето на барањето на специјланата обвинителка Катица Јанева да му биде одреден притвор на Талески.
