Јанчевски: За 62 милиони евра се намалиле штедните влогови на компаниите
Паѓаат депозитетите на фирмите, заклучно со септември според податоците се намалиле за 7% или во вкупна вредност од 62 милиони евра, соопшти првиот човек на здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски, истовремено растат штедните влогови на населенето, се зголемиле за 5% или 140 милиони евра.
„Процентот на нефункционални кредити изнесува 10,6%. Кај граѓаните процентот изнесува 7,5%, додека кај компаниите тој процент е 11%“, изјави Јанчевски.
Тој исто така призна дека е намален бројот на барања на кредити од страна на компаниите, а проблемот го лоцираше кај задолженоста, а се зависело и од кредитниот проект. Според првиот човек на здружението на банкари, растел бројот и на хипотеки. Засега се ликвидни само становите, а деловните простори и фабриките тешко се продаваат.
Слично
