Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанчев и советниците ја блокираа инвестиција на ИГМ Кавадарци

Јанчев и советниците ја блокираа инвестиција на ИГМ Кавадарци

Советот на Општина Кавадарци не го прифати барањето за пренамена на земјиштето на металуршкиот капацитет ИГМ Кавадарци од Г2 во Г1, што значи дека засега е блокирана намерата на една од најголемите македонски компании да инвестира во цинкара.

Барањето на ИГМ трејд беше да премине од Г2 во Г1 индустрија за да реализира  проектот за ладна валалница со модерна технологија со вредност од повеќе од шеесет милиони евра заедно со индиски инвеститор.

Одлуката ја потврди и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот фејсбук - профил по едногласноста на советниците.

„По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува. Јас како градоначалник на Општина Кавадарци во целост го почитувам и се согласувам со мислењето на советниците во Советот на Општина Кавадарци. Никој не може да придонесе во нарушувањето на квалитетот на живот на кавадарчани, без разлика дали се работи за премиер, градоначалник, советник или бизнисмен. Здравјето и квалитетниот живот на граѓаните на Општина Кавадарци е секогаш на прво место“, вели Јанчев.

Слично

Поврзани вести