Јанакиески: Процесот за автопатите е воден на највисоко ниво
Вчера опозицијата на прес конференцијата објави како што тврди самиот Заев докази за корупциски скандали со кинеска инвестиција за автопатите Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид и во истата таа снимка можеше да се слушне како се договара провизија повисока од 25 милиони евра за двата автопата, заменик претседателот на Владата, Владимир Пешевски истакна дека во процесот на овие преговори биле вклучени тој и Миле Јанакиески, а во меѓувреме се консултирале и со други релевантни институции, најмалку десетина, вклучително и со премиерот.
Кон ова прашање со поддршка на вицепремиерот Пешевски се приклучи и министерот Миле Јанакиевски по вчерашното објавување на неговиот телефонски разговор со премиерот Груевски во кој се договара провизија од склучената зделка за изградба на автопатот
Во рекацијата на Јанакиевски стои изјавата која всушност ја даде Пешевски одговарајќи на пратенички прашања: „Граѓаните на Република Македонија треба да се горди на овој проект. Се градат два автопатишта во делот на државата каде што никогаш немало автопатишта, што значи огромен развој за многу гранки, поврзување на државата рамномерно. Ние ќе се обидеме да направиме уште еден автопат до следниот период. Повторно ќе нагласам процесот е воден на највисоко професионално ниво и постигнатите резултати се такви на кои ние можеме да бидеме горди. Можам да изразам задоволство дека нашата стратегија да бидат вклучени домашни компании, да се користат домашни градежни материјали и да се користи домашна работна сила, сето тоа е испочитувано од страна на компанијата која што е изведувач” напиша Јанакиевски на ФБ профилот.
