Јанакиески промотивно се возеше со брод од Охрид до Поградец
Охрид и Поградец се поврзаа со бродска чартер-линија. Двата града - едниот во Македонија, другиот во Албанија за првпат се поврзуваат преку Охридското Езеро со линија која што ќе функционира во текот на летните месеци.
Идејата е преку летото да се превезуваат туристите од двата града на другата страна на езерото.
Гостите од првата промотивна тура, меѓу кои и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во Поградец ги пречекаа албанскиот министер за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.
Слично
