Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески: Објавените разговори се монтиран случај во соработка со странски служби

Јанакиески: Објавените разговори се монтиран случај во соработка со странски служби

Одговарајќи на новинарско прашање денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во врска со последните објавени снимки од страна на опозицијата истакна дека се класичен монтиран случај во соработка со странски служби.

Тој потенцира дека има одлични односи со министерот за финасии, Зоран Ставрески, кој воедно го смета и како дел од своето семејство.

- Можам да истакнам дека, покрај тоа што ми е колега, јас го чувствувам Ставрески и како многу близок пријател, кој е дел од моето семејство. И натаму односите ни се одлични.

Јанакиески нагласи дека  Ставрески е еден од неговите подобри соработници со кого дискутираат буквално за сите проекти и наоѓаат средства за реализирање на сите проекти.

Слично

Поврзани вести