Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески: Не се размислува за продажба на МЖ Транспорт

Јанакиески: Не се размислува за продажба на МЖ Транспорт
Владата моментно не размислува, за продажба на Македонски железници Транспорт а.д, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања, по пуштањето во употреба на новоизградената препумпна станица во месноста Потстаница во Драчево Амбасадорот на Словачка во Скопје Роберт Кирнаг завчера изјави дека неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници -  Транспорт“, но оти нивната реализација е блокирана поради одложувањето на либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија до нејзиниот влез во ЕУ. Македонската Влада  донесе одлука за одложување на либерализацијата во железничкиот сектор во март лани, со која до зачленуивањето на Македонија во ЕУ, не е дозволен влез на нов железнички оператор.   Според оценките што беа изнесени тогаш, влезот на нов оператор би довел само до негативни промени и до отпуштање стотици вработени од а.д. МЖ Транспорт Македонија.
Слично

Поврзани вести