Јанакиески: КОСМОС е срушен во легална и законска постапка!
Во однос на прашањето на новинарите дали се менува ДУП на телефон, министерот Миле Јанакиески денеска одговори дека и ДУП -от и ГУП-от во Гази Баба не се сменети на телефон, туку во редовна процедура, а „Космос“ е срушен во законска и легална постапка!
Тој потенцираше дека градежните инспектори утврдиле дека инвеститорот гради објект кој е повисок за метар и половина и со тоа отспатува од предвиденото во проектот.
-Само да потесетам дека во два наврати Министертвото за транспорт и врски му ги уважи жалбите на Цаноски за барањата за локациски услови и одобрението за градба. Со самиот факт дека Цаноски после утврдувањена фактичкта состојба дека изградениот објект не е во согласност со проектот побара да не му се урива туку во текот на градбата да го смени проектот, за што и самиот тој изјави на медимуите, потврди дека изградил објект кој отстапува од првичниот проект, т.е дека градел спротивно од она што стоиело на проекот. Министертвото за транспорт и врски го отфрли тогашното барање на Цаноски да го менува проектот во тек на градба. Барањето е одбиено соласно член 69 став 3 од Законот за градење. Цановски уште еднаш си ја потврдува грешката кога решението на Министертвото за транспорт и врски го обжалува до Управниот суд за веднаш потоа да ја повлече жалбата, појасни министерот за транспорт и врски.
Министерот Јанакиески сепак, денеска не одоговри на прашањето да ја потврди автентичноста на снимката за „Космос“
На прашањето „дали е Ваш гласот на снимките што ги објави Заев“, тој рече. „Не коментирам“.
Јанакиески имаше ист одговор и на прашањето на новинарите „Дали спие мирно“? „Не коментирам“.
ИНТЕРВЈУ ФИЈАТ ЦАНОСКИ: Јанакиески ми беше куќен пријател, а со Груевски ми нанесоа огромно зло!
Слично
