Јанакиески извиси, не се појави на сведочење пред Анкетната комисија
Eкс министерот Миле Јанакиески кој денеска требаше да сведочи пред пратениците на Анкетната комисија не дојде.
Седницата која беше закажана за во 11 часот е прекината.
Премиерот беше првиот сведок, а деновиве пред Комисијата треба да се појават и министерот за финансии, Зоран Ставрески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, шефот на кабинет Мартин Протуѓер..
Претседателот на Комисијата Петре Шилегов по вчерашното сведочење на премиерот посочи дека и денеска очекува бојкот од владеачката партија.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема интерес да проработи Анкетната комисија.
Станува јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е потребна Анкетната комисија. Они сметаат дека се доволно покриени со својата медиумска надмоќ, што значи дека вистината нема потреба да се знае поинаку од онаа којашто ја нарачуваат во вестите“, рече Шилегов.
