Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески по распитот излезе од задната страна на судот

Јанакиески по распитот излезе од задната страна на судот

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески по денешниот распит, ги избегна камерите и го напушти Kривичниот суд од задната страна.

Тој, како и поранешниот премиер Груевски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски беа повика на распит кај судија на претходна постапка, откако СЈО побара да им се изречат мерки за претпазливост за случајот ТНТ, објави Новатв. 

СЈО ги товари Груевски и Јанакиески дека незаконски нарачале рушење на објектот „Космос“  сопственост на бизнисменот и лидер на ПЕИ, Фијат Цаноски.

Груевски денеска изјави дека не чувствува вина и дека СЈО прави чекори коишто се нарачани од човекот кој е свесен за својот рејтинг.

Тој кажа дека ова е со намера да го оцрнат. Груевски нема намера да ја напушти државата и рече дека ќе одговара на секоја покана на судот.

„Космос“ е урнат во 2011 година.

Слично

Поврзани вести