Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески бара помош од ЕУ за големите инфраструктурни проекти

Јанакиески бара помош од ЕУ за големите инфраструктурни проекти

Европската Унија треба да направи напори и создаде услови за проширување на новата трансевропска транспортна мрежа кон Југоисточна Европа со што би се добила и поголема поддршка за имплементирање капитални инфраструктурни проекти во земјите од регионот со цел подобра регионална поврзаност и одвивање на превозот, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

За време на обраќањето на осмата годишна министерска конференција за развој на транспортната мрежа на Југоисточна Европа, пред учесниците на министерската конференција тој ги претстави капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Македонија. Посочи дека во 2011 година е комплетирана изградбата на автопатската делница на Коридорот 10 Куманово – Табановце, изграден е нов аеродром во Скопје и целосно модернизиран аеродромот во Охрид, за што се потрошени околу 240 евра, рече Јанакиески. Министерот исто ги спомена и проектите како што се новиот автопат Демир Капија – Смоквица, како и пругата долж Коридорот 8 од Куманово до Крива Паланка, а побара и поддршка за реализација на проектот за железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија. Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа е регионална транспортна организација, формирана со Меморандумот за разбирање потпишан во 2004 година од повеќе влади и Европската Комисија. Нејзина цел е да промовира соработка за развој на главна и помошна инфраструктура на мултимодалната мрежа и да ги јакне локалните капацитети за имплементација на инвестициски програми
Слично

Поврзани вести