Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески: Аке не се донесе буџетот, ќе каснат платите во Железница

Јанакиески: Аке не се донесе буџетот, ќе каснат платите во Железница
И министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески упати апел до пратениците од Собранието да ги разгледаат сите проблематични ситуации кои би настанале со неусвојувањето на буџетот за следната година. Тој изјави дека доколку не се донесе буџетот, ќе се доведе во прашање тековната исплата на платите во Железница. „Една од ситуациите е неисплатата на платите на вработените во Железници бидејќи месечно Министерството за транспoрт и врски исплаќа минимум по 18 милиони денари за надоместокот во делот на патниот сообраќај. Доколку не се усвои буџетот тоа не би можеле да го направиме со што се доведува во прашање тековното исплаќање на платите во Железницата“, појасни Јанакиески. Тој истакна дека засега внимателно се следи ситуацијата во Македонски железници, има постојан дијалог со синдикатите и мерките кои ќе се преземаат ќе бидат во согласност со нивните барања.
Слично

Поврзани вести