Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски: Започнува реализација на ветените проекти, гасификацијата е прва на листата

Јакимовски: Започнува реализација на ветените проекти, гасификацијата е прва на листата
Со 19.764 гласови, наспроти  8.776 на противкандидатот Андреј Петров, како и со 2.608 неважечки гласови, актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска и официјално ја потврди својата победа во општината Карпош. Споре него овој втор изборен круг беше судир  на кандидати од  иста опција, но со два различни концепти, едниот граѓански, другиот авторитарен. „Првиот концепт се темели на соработка со граѓаните, чувство за потребите на граѓаните, на резултатите од работењето поставената јасна цел, визија и подготвеност како да се дојде до таа цел. За жал, вториот концепт кој го застапуваше Андреј Петров се темелеше на отсусутво на соработка со граѓаните, немање вистинско чувство за нивните потреби, и глумење опозиција заради опозиција. Притоа, немаа визија ниту стратегија за остварување на евентуалните цели, демонстрираа  ароганција, уцени, закани па дури и зачудувачка омраза кон мене и моите соработници до невидени размери, несвојствени за една демократска опозиција“, изјави денеска Јакимовски. Сепак, вели Градоначалникот на Карпош, не сум среќен што му се случи на овие локални избори на СДСМ, а жали и за тоа што поради своеглавоста на партиските челници цената вели Јакимовски, ја плати целата опозиција. „Сега, нам ни преостанува кадровски да се консолидираме и да пристапиме кон реализација на сите ветени проекти од значење за граѓаните на Општина Карпош, со цел тие што поскоро да имаат полза и да уживаат во нив. Тука пред се мислам на изградба на инфраструктурата, на замената на азбесни покриви, на изградба на новите фасади, но првенствено на гасификацијата на Карпош“, истакна Јакимовски заблагодарувајчи се на своите гласачи како и ан сите оние кои го поддржаа во текот на изборите.
Слично

Поврзани вести