Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски: Се радувам што опозицијата оди на избори, но мака ми е што таа одлука не беше донесена пред две недели!

Јакимовски: Се радувам што опозицијата оди на избори, но мака ми е што таа одлука не беше донесена пред две недели!
Актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, пред речиси две недели, на изненадување на многумина во СДСМ, одлучи самостојно да поднесе кандидатура за локалните избори. За едни во партијата, тој беше предавник, за други тројански коњ, трети, пак сметаа дека донел исправна одлука. Таа може да се толкува вака или онака, но факт  е дека, само две недели подоцна, под речиси истите услови како и тогаш СДСМ реши да учествува на локалните избори. Јакимовски за Фактор, и денес, ја правда својата одлука, како визионерски потег. Не сака да ги коментира најавите дека СДСМ ќе истакне своја кандидатура за Карпош, велејќи дека за тоа ќе си одлучи партијата. Фактор: Како  ја толкувате последната одлука на СДСМ сепак да излезе на локалните избори на 24 март? Јакимовски: Се радувам што опозицијата реши да излезе на локални избори. Сепак,  ми е мака што тоа не го стори на 16 февруари. Фактор: Дали имавте некое претчувство дека до ова ќе дојде, или во тој момент како што објаснивте, го следевте „гласот на граѓаните“? Јакимовски: Поминаа само две недели и се покажа дека мојата одлука беше правилна. Моето долгогодишно политичко искуство ми кажуваше што всушност очекува меѓународната заедница од нас како опозиција, и што е добро за граѓаните и за државата. Фактор: Дали притисокот на меѓународната заедница беше пресуден за ваков „договор“? Јакимовски: Тоа што притисокот на меѓународната заедница беше посилен врз опозицијата отколку врз власта, поради што мораше да се попушти пред него под сега веќе обзнаените услови, ни укажува дека сепак требаше да имаме повеќе и поизострен слух за нивните укажувања малку порано.
Слично

Поврзани вести