Јакимовски повика на предвремени парламентарни избори
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вчера повика на одржување предвремени парламентарни избори, со цел, како што рече спречување на политичка криза во земјата.
-Ги повикувам најголемите парламентарни политички партии во државата да се однесуваат крајно сериозно во наредната изборна година. Доколку во наредната 2014 година, во април се организираат само претседателски избори, постои сериозна шанса Македонија да влезе во уставна криза, да не се избере претседател.
ГРОМ апелира да се оди на предвремени парлементарни избори заедно со редовните претседателски, а доколку тоа не се случи, Република Македонија ќе се соочи со политичка криза, која ќе има и тешки економски реперкусии, а одговорноста за тоа ќе ја понесат оние партии кои не сакаат да има предвремени парламентарни избори, изјави на Централниот одбор лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Деновиве првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека не размислува, но дека партијата е подготвена за предвремени избори. Лидерот на СДСМ Зоран Заев повеќе пати досега изјави дека партијата е спремна за избори, но дека бара од власта фер услови за изборно соочување.
Слично
