Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски поставува шатори пред Уставен суд

Јакимовски поставува шатори пред Уставен суд
Стевче Јакимовски, лидерот на ГРОМ заедно со дел од вработените од општината Карпош го „окупираше“ просторот околу Уставен суд, каде поставуваат шатори. Тука планираат да останат цела ноќ, а шатори се поставуваат на предната и на задната страна. Јакимовски вчера кажа дека со денешниот собир сакаат да им дадат поддршка на уставните судии. Контрапротестот организиран од ГРОМ беше најавен откако граѓанската платформа Ајде за вечерва во 18 часот, најави протест пред Уставниот суд. Протестот ќе започне пред Владата, ќе продолжи пред Народната канцеларија на претседателот Иванов,  Собранието и ќе заврши пред Уставниот суд.
Слично

Поврзани вести