Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски: Половина милион евра годишно за поддршка на спортот!

Јакимовски: Половина милион евра годишно за поддршка на спортот!
Kандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска се сретна со повеќе од 200 врвни спортисти,членови на спортски клубови и спортски таленти кои ги стипендира Општина Карпош. За време на средбата тој најави дека останува на ставот дека на спортот му е потребна поддршка, а пред нив ја претстави програмата за спорт која е планирано да ја реализира во следните четири години. „За таа цел, досега издвојувавме некаде над 350.000 евра, но она што можеме да го ветиме е  дека во наредниот временски период ќе издвојуваме годишно преку 500.000 евра. Со тие средства ќе обезбедиме поддршка на клубовите, како што е целосното воздигнување на одбојкарскиот клуб „Вардар“, поранешен државен првак, шаховскиот  турнир „Опен Карпош“,  но и на самите спортисти. Во секое време ќе има целосна поддршка и за масовниот и квалитетниот спорт во Карпош“, истакна Јакимовски. Тој верува дека во општината ќе има клубови што ќе се натпреваруваат во првата лига и во исто време најави дека ќе биде дадена поддршка на сите спортисти на територија на Општина Карпош кои одлучуваат да настапуваат на натпревари , првенства и турнири надвор од Република Македонија. Исто така, најави тој,  ќе се продолжи со стипендирањето на талентираните спортисти, бидејќи како што рече, со спортот се создаваат способни, здрави и изградени личности. Јакимовски вети изградба на спортска сала стриктно за сите боречки вештини, ракометно игралиште во состав на ООУ „Братство“ и изградба на пет базени по европски стандарди во основните училишта каде ќе се тренира пливање. Од името на спортските работници , за досегашната поддршка на спортот на Јакимовски му се заблагодарија доајенот  во одбојкарскиот спорт Зоран Докузовски, тренерот во пливање Марјан Соколовски,Страшо Глигоров од боречкиот клуб „7 Мај-Тигар“и триатлонецот Стојан Поповски.
Слично

Поврзани вести