Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски, Петров, Куновска: Ситни закачки и силна кампања за Карпош

Јакимовски, Петров, Куновска: Ситни закачки и силна кампања за Карпош
Тројцата најсилни противници кои претендираат за иден градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, Андреј Петров и Јагнула Куновска и денеска ја продолжија својата интензивна кампања. Секој од нив влече на своја страна и бара начин да го дискредитира противникот. Петров: Ќе се спротивставам на „дебармализацијата на Карпош" Враќање на природата во Карпош, зелени површини, паркови и шеталишта кои ќе го заменат скапиот бетон вети денеска кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров кој додаде дека ќе се спротивстави на како што вели „дебармализацијата на Карпош". „Ќе ја довршиме започнатата идеја за голем парк поставен на местото на оваа некогашна дупка и сегашна депонија од десната страна на Вардар , претворајќи ја во зелена површина со засадени дрвца, нови бели дробови на Општината, но ќе ја уредиме и левата страна на Вардар и граѓаните ќе можат преминувајќи преку мостот Газела кој го направивме во претходниот мандат, да уживаат и од левата страна на Вардар“, најави Петров. Петров посочи дека приоритет ќе му биде зголемувањето на зелените површини во Карпош, но најави и нови животни во Зоолошка градина. „Ќе го направиме за нашите деца. Карпош ќе подари и уште едно живеалиште во Зоолошката градина која е на наша територија, како што го направивме тоа и порано во мојот мандат со донацијата од нашата страна на живеалиштето за мечка, за нашите најмали да уживаат со своите миленици. Таков Карпош ни личи  нам, за таков Карпош ќе се залагаме јас и мојот тим“, рече Петров. Претходно од партијата на Петров, СДСМ го обвинија актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски дека е нов миленик на фамилијата и на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека целокупниот возен парк на општината го ставил во функција на својата изборна кампања и ја осудува злоупотребата на државните ресурси. Јакимовски: СДСМ се  „демоде“ Кандидатот за градоначалник за Општина Карпош, Стевчо Јакимовски пак реагираше дека, како што вели неговите пријатели од СДСМ се обидуваат на „демоде“ начин да ги освојуваат гласовите на граѓаните. „Во отсуство на визија и проекти за Карпош, избираат секаков начин да го свртат вниманието на гласачкото тело. Уште еднаш да ги потсетам дека граѓаните на Карпош бараат визија, понуди и проекти за Карпош, зашто ќе гласаат за нов општински татко, а не за плукачи во далечина“, одговори тој на денешното обвинување од СДСМ дека ги злоупотребувал возилата на Општина Карпош во изборната кампања. Во врска со „соработката со фамилијата и со ВМРО-ДПМНЕ“, Јакимовски побара СДСМ да објасни како за Струга и за Кичево прават коалиција зашто тоа е од национален интерес. „Зарем граѓаните од Карпош не се од национален интерес? Зошто дојдоа во Карпош, за да и помагаат на Јагнула Куновска? Анкетите на јавното мислење покажуваат дека немаат поддршка од граѓаните во нивните намери. Другарски ги советувам да престанат да плачат и да се фатат за работа“, врати Јакимовски. Куновска: Петров ми ја препишал програма Јагнула Куновска, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО ДПМНЕ, денеска му ја врати посетата на својот против-кандидат од СДСМ, Андреј Петров и упати цела листа забелешки на неговата изборна програма. Таа рече дека забелешките се однесуваат на тоа што тој голем дел од проектите кои што Петров ги предвидел како проекти во неговиот материјал се препишани од нејзината програма, која како што рече, таа ја промовирала уште во декември пред граѓаните. „Овој материјал којшто господинот Андреј Петров го донесе како програма на СДСМ, нема претпоставки да биде програма“, рече таа и додаде дека во програмата на Петров само на некои места имало по некој рок, а тоа бил рокот за времето кога ќе тече градоначалничкиот мандат.
Слично

Поврзани вести