Јакимовски: Ова е историска победа за Карпош!
Актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски прогласи историска победа со водство пред неговиот против кандидат Андреј Петров води со 10.000 гласови.
„Ова е историска победа бидејќи граѓаните на Карпош го дадоа гласот за мене затоа што се задоволни од мојата работа во претходните четири години. Во ниту еден момент не се посомневав дека ќе победам затоа што сум сигурен дека жителите на општина Карпош стојат зад мене“, изјави Јакимовски од неговиот изборен штаб каде ја прогласи победата.
Во истовреме низ улиците на Карпош се слави победата. За Јакимовски ова е историска победа и затоа што прв пат во една скопска општина не победува кандидат на некоја голема партија.
Слично
