Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски очекува три пратеници за ГРОМ

Јакимовски очекува три пратеници за ГРОМ
Претседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски вечерва на прес-конференција ги оцени како фер, демократски и достоинствени денешните предвремени парламентарни избори.

По првичните резултати од изборите  Јакимовски се заблагодари на сите граѓани кои денеска гласале за Граѓанската опција за Македонија, за која оцени дека дефинитивно е третата најголема опција во македонскиот политички блок.

„Сакам да подвлечам дека денеска присуствувавме на едни фер, демократски и достоинствени избори и, искрен да бидам, од ниту една општинска организација, односно од ниту еден изборен штаб немаме поплака на денешниот изборен процес. Сакам, покрај тоа, да им го честитам водството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јакимовски.

Тој информира дека ГРОМ, според досега обработените помалку од 30 проценти од гласовите, се бори за пратеник во изборните единици 1, 2 и 4. - Во овие изборни единици, не само што е задржан бројот на гласови од првиот круг на претседателските избори, туку некаде е и драстично зголемен. „Според тоа, за околу два часа ќе знаеме дали по овие избори ГРОМ ќе има три пратеника во новиот парламентарен состав на Република Македонија“, посочи Јакимовски.
Слично

Поврзани вести