Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ, СДСМ сакаат да бидат опозиција во советот на Карпош!

Јакимовски ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ, СДСМ сакаат да бидат опозиција во советот на Карпош!
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски најави можна коалиција со ВМРО ДПМНЕ во советот на општината.
„Имајќи во предвид дека во Општина Карпош ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по девет советника, а СНСМ има пет  советника, ситуацијата во Советот стана специфична за функционирање. Во изминатите десет дена, изјави на денешната конференција за печат градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ние се потрудивме да оствариме средба и соработка со СДСМ за можнo понатамошно делување во Советот на Општина Карпош.  За таа цел, минатиот петок, двајца советици од  СНСМ беа заодолжени да остварат средба со првиот човек на Општинската организација на СДСМ, со цел да се договориме за идниот начин на работење во Советот, формирање на комисиите и телата во него. На тој наш предлог, добивме одговор дека тоа може да се стори на состанок во недела во 20 часот, кој разговор не се рализираше, поради неговата зафатеност околу прославата на победата на Андреј Жерновски. Остана договорот“, рече Јакимовски, „СДСМ сами да  се јават и закажат средба токму на оваа тема“.
„Очигледно по внатрешни консултации во партијата, во понеделникот, во своето интервју за АТВ, генералниот секретар Андреј Петров ни порача дека во Општина Карпош СДСМ ќе биде опозиција, со што отворено ни дадоа до знаење оти  немаат намера да коалицираат со мене – изјави првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски. Јакимовски изрази жалење што ова е конечен став на СДСМ.
„Ова е класичен пример кога одредени политичари, гневот го  земаат за советник и за свој сојузник. Во тој случај се носат погрешни одлуки со кои што практично по 20 годишно владеење овде во Советот на Општина Карпош, СДСМ се откажува од можна соработка и од  свој придонес во раководењето со Општината и тој простор му го отстапува на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека во изминатиот временски период тие покажаа подготвеност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ  и за соработка во Советите во Кичево и во Струга, но очигледно дека најголем непријател во овој пост-изборен период  сум  токму јас. Несомнено е дека тие немаат доблест да го прифатат поразот во Општина Карпош. Јас искрено жалам што тие носат вакви одлуки, но ние во интерес на граѓаните мораме да бараме политички сојузници а не политички противници и Советот да фукционира беспрекорно. Сакам да ја известам јавноста дека денес ќе отпочнеме разговори со ВМРО-ДПМНЕ за можна соработка во Советот на Општина Карпош – посочи Јакимовски.
Зошто Андреј Петров не си поднесе оставка на местото пратеник Одговорајќи на новинарски прашања во врска со исходот од овие разговори со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Јакимовски изрази надеж дека тргнувајќи од досегашната практика, се очекува да нема посериозни потешкотии околу натамошната соработа во Советот и дека преговорите бргу ќе се приведат кон крај.
„За време на  целиот изборен  циклус,  СДСМ водеше валкана кампања кон мене. Очигледно имаше и такви аналитичари што препорачуваа одредени луѓе што ја напуштиле оваа партија  да се вратат назад, на што побрза  негативно да одговори оној што го доживеа најкатастрофалниот пораз во оваа изборна кампања, коментираше Јакимовски. Тоа е господинот Андреј Петров, кој  пак, не најде доблест каква што имаше господинот Зекири, поради изборниот дебакл да си поднесе оставка. Напротив,  тој продолжува и понатаму да ја крои политиката во СДСМ“ – образложи  Јакимовски.
Очигледно е дека државната политика треба да се разликува од локалната смета Јакимовски. Според него локалните потреби  треба да ги решава локалната политика во корист на граѓаните, кои што  не се дел од државната политика. Тој рече дека очекувам отворена соработка со советниците од СНСМ и ВМРО-ДПМНЕ за непречено функционирање на советот. За лидерската позиција во СДСМ На прашањето за лидерската функција во СДСМ и можниот нејзин  наследник, Јакимовски изјави:
„Кога се работи за изборот на новиот лидер на најголемата опоцизиона партија јас неможам да дадам точна проценка кој има најголеми шанси. Сакам јасно да и соопштам на јавноста дека ниту посакувам ниту пак имам намера да се вратам во СДСМ, без разлика кој ќе биде лидер во таа партија. Таму моето членство е завршено и сметам дека не треба да испраќам било какви сигнали кои ќе ги подгреат надежите за една таква моја реакција. Можна е само политичка соработка со што сакам да истакнам дека и понатаму ја оставам отворена понудата до СДСМ за заедничко делување во Советот на Општина Карпош“ – потенцираше  градоначалникот Јакимовски.
Според негова  проценка  опозициониот простор не е исполнет.
„СДСМ  не успева да парира на државните политики од владејачката партија со што понудата за политички избор на граѓаните е навистина  претесна. Постои голем број на политички лидери,  пријатели, аналитичари кои што ме поттикнуваат, особено по големата победа во Карпош,  да размислувам за основање на нов политички субјект. Јас неможам да кажам дека одлучив да преземам таков чекор, но не се исклучува таква можност, коментираше Јакимовски на прашањето за формирање на трет опозициски блок. Засега  не се гледам во тим со било кој политичар, мојот тим треба да бидат граѓаните на Република Македонија. Во врска со моменталните состојби и случувања во СДСМ, сметам дека не е од корист на оваа партија што не постои природен наследник на досегашниот лидер Бранко Црвенковски. Моето лично мислење е дека, ситуацијата во која постојат толку многу конкуренти за претседателската функција води кон клановска поделба во таа партија„ -  резимираше Стевчо Јакимовски.
Слично

Поврзани вести