Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски и СДСМ во конфликт, ќе има ли соработка во Карпош?

Јакимовски и СДСМ во конфликт, ќе има ли соработка во Карпош?
Немало понуда за соработка на советниците од СДСМ во Советот на општина Карпош од страна на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изјави денеска Иван Спировски, носителот на советничка листа од „Сојузот за иднината“ како одговор на тврдењата на Јакимовски дека е отворен за ваква соработка. „Вчера се потврди тоа што за целиот тек на кампањата го говоревме. Коалицијата на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ се официјализираше и конечно стана јавна. Смешни се обидите на градоначалникот на Карпош да си направи алиби за ваквите негови погубни политики и за тоа одговорноста да ја префрли кај СДСМ.  Ја користам оваа прилика да демантирам дека постоел било каков обид од страна на Стевчо Јакимовски за некаква соработка со советничката група на СДСМ во Карпош. Сите информации од негова страна се неточни“, рече Спировски. Со соопштение се огласи и кабинетот на Јакимовски, од каде посочија дека имало покана за средба со социјадемкратите поради идна соработка. „ Во петокот, на 19 април, беше побарана првата средба со ОО на СДСМ на Карпош, за договор за натамошна соработка во општинскиот совет, која според нивно барање беше одложена и наместо таа вечер, требаше да се одржи во недела, 21 април, во 20 часот. Сепак, не дојде ниту до втора средба, во терминот што сами го посочија. Повторно со барање до ОО на СДСМ беше договорено тие во наредните денови сами да закажат термин за средба на која би се договориле идните чекори и функционирањето на Советот и на телата. По десетдневни неуспешни обиди, за да се овозможи нормално функционирање на Советот на Општина Карпош, се пристапи кон преговори со втората советничка група од ВМРО-ДПМНЕ “стои во соопштението од општината Карпош. Јакимовски  вчера посочи дека нема намера да се враќа во СДСМ , но ја остава отворена понудата до СДСМ за заедничко делување во Советот на Општина Карпош.
Слично

Поврзани вести