Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски го разби црно белиот свет на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ

Јакимовски го разби црно белиот свет на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ
Стевчо Јакимовски во Карпош покажа дека реалноста во Македонија не мора да биде црно бела. Победата на кандидатот за градоначалник без поддршка на голема партија покажа дека македонските граѓани не мора да бидат зависници на партиите, и дека на овие избори во голема мерка се гласа за личности. Во случајот на Карпош тоа е личноста на Стевчо Јакимовски, еден од најуспешните градоначалници кој со личен печат успеа да мобилизира над 16 илјади гласачи. „Имаме водство од седум илјади гласови, тоа е голема победа, иако недостасуваше само 2 - 3 отсто гласови за победа во првиот круг, изјави Стевчо Јакимовски, кандидат за нов градоначалнички мандат во Карпош. Јакимовски рече дека во вториот круг не се знае кој ќе му биде противкандидат, бидејќи, како што рече, Андреј Петров и Јагнула Куновска водат „мртва трка“ за влез во вториот изборен круг. Веќе денес ќе биде познато кој ќе биде против кандидатот на Јакимовски, иако, станува извесно дека Јакимовски ќе се „прошета“ во вториот изборен круг по убедливата предност остварена во првата трка.
Слично

Поврзани вести