Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски: Ако Груевски не може да обезбеди легална документација за аква паркот, што да речат другите?!

Јакимовски: Ако Груевски не може да обезбеди легална документација за аква паркот, што да речат другите?!
Изградбата на аква паркот ги зовре политичките страсти. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека не може да се бара дозвола од никој друг, туку само од општината, но само кога ќе се донесе комплетната документација. претходно директорот на с.ц. „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски рече дека ќе бара дозвола за градба од Министерството за Транспорт, наместо од општината, затоа што локалните власти ја кочеле изградбата. Проблемот всушност е во централната власт, велат од Карпош. Општината информира дека на 24 октомври 20912 година Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, доби официјален документ, Заклучок од Општина Карпош со кои им се дава до знаење дека се прекинува постапката по предметот УП1 Број 35-444 од 03.07.2012 за издавање на решение за одобрување на архитектонско урбанистички проект за изградба на рекреативниот аква парк во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ поради недоставување на комплетна документација, поточно доказ дека е единствен носител на правото на градба. Со овој заклучок инвеститорот (СЦ „Борис Трајковски“ н.з ) се задолжува во рок од 15 дена по приемот на заклучокот да достави доказ дека е единствен носител на правото на градба. Тоа практично значи дека инвеститорот не може да добие одобрение за градење ако не приложи комплетна документација, што е законска обврска за сите инвеститори во државата. И покрај тоа што имаме писмен доказ дека тие го примиле заклучокот (претходно усмено во неколку наврати им е укажано дека мора да донесат комплетна документација и нумерички податоци за парцелата каде што мислат да градат) тие тоа не го сториле до денес. „Токму ова говори  каква бизнис клима креира премиерот Никола Груевски. Ако тој неможе да донесе доказ за сопственост на земјиштето и се заплеткал во институциите на државата, тогаш што останува за граѓаните и другите инвеститори“, вели градоначалникот Јакимовски. Доколку инвеститорот поседува  таков документ за сопственост на парцелата и дека е единствен носител на поравото на градба, тој него треба да го приложи во Општина Карпош и процедурата за добивање одобрение за градба да продолжи, велат од Карпош. Дали „СЦ „ Борис Трајковски“ добил таков документ од надлежните институции(катастарот за невижности на РМ) и евентуално што содржи тој за кој се е сопственик на земјиштето, како и тоа зошто не ги приложува пред локалната власт не би сакале да коментираме, соопштуваат општинарите. Додаваат дека од локалната администрација му е навремено одговорено, така што г-дин Капушевски не може да се повикува на второстепена постапка според која што одобрението за градба го издава Министерството за транспорт и врски, затоа што тоа може да се примени само ако има молк на администрацијата, што во овој случај не е, се вели во соопштението од општина Карпош.
Слично

Поврзани вести