Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јаким Неделков: Очекуваме Владата да ни понуди добра сума

Јаким Неделков: Очекуваме Владата да ни понуди добра сума

Делегација на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) предводена од претседателот Јаким Неделков замина на консултации во Министерството за финансии во обид за договор за исполнување на барањето за зголемување на платите односно усогласување со минималната во дејностите образование и детска заштита.

- Очекуваме добра сума која ќе ни ја понуди Владата преку Министерството за финансии што не ќе можеме да ја одбиеме. предлог што потоа ќе го понудиме на членството, рече Неделков пред средбата во министерството.

Тој очекува зголемување на платите за 18,4 отсто и дополнително усогласување на минималната плата со колективните договори.

Синдикатот претходно соопшти дека од 11 април вработените во училиштата и градинките ќе стапат во генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања.



Слично

Поврзани вести