Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Јака 80“ за 300.000 евра продаде 12 отсто од акциите во „Благој Ѓорев“

„Јака 80“ за 300.000 евра продаде 12 отсто од акциите во „Благој Ѓорев“
Нов сопственик на тие акции е велешката фирма „Скамбио“ ДООЕЛ „Јака 80“ продаде 49.651 акција со право на глас во велешката прехранбена компанија „Благој Ѓорев“, а нов сопственик е велешката компанија „Скамбио“ од Велес, потврди денеска Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ). Новиот сопственик велешката фирма со еден сопственик ДООЕЛ „Скамбио“ сега поседува 12,1 отсто од акциите на велешки „Благој Ѓорев“ една од најстарите македонски прехранбени компании. „Скамбио“ плати 18,27 милиони денари (296.616 евра) односно цена од 368 денари за акција. Трансакцијата беше склучена на 3 ноември (минатиот понеделник), а акциите што ги продаде „Јака 80“ беа истргувани во три транскации. „Скамбио“ според официјалните податоци на Управата за јавни приходи е компанија регистрирана за неспецијализирана трговија на голема за храна, пијалоци и тутун. Цената од 368 денари за акција е едниствена годишна цена за таа акција која се тргувала двапати од ноември лани до сега. Според официјалната евиденција на ЦДХВ најголеми акционери во „Благој Ѓорев“ се велешката фирма „Малина“ со 9 отсто од акциите со право на глас, велешката  фирма „Агро-Ели“, која има иста дејност како и „Скамбио“ со посед врз 16,55 отсто од акциите. Потоа на листата е Горанчо Лазов, извршен директор на „Благој Ѓорев“ со 16,4 отсто од капиталот. Во сопствен откуп „Благој Ѓорев“ чува 24,86 отсто од акциите со право на глас. Според официјалните податоци објавени на Македонската берза за хартии од вредност „Благој Ѓорев“ лани имал приход од 11 милиони евра, остварил нето добивка по акција од 26 денари, а книговодствената вредност на таа акција изнесува 1.247 денари. Компанијата не делела дивиденда на своите акционери.
Слично

Поврзани вести