Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јајцата и оризот се замрзнуваат на цените од 15 март

Јајцата и оризот се замрзнуваат на цените од 15 март

Премиерот Димитар Ковачевски денеска објави дека јајцата од кокошка и оризот се замрзнуваат по цени од 15 март, со цел да нема дополнителни поскапувања пред престојните верски празници. Мерката е со важност до 30 април. 

- Трговците имаат обврска да ги продаваат во количини во кои редовно се продавале во јануари и во февруари 2023. 

Во изминатиот период утврдивме значајни измени во цените на овие производи како резултат на движењата на увозот и извозот, а за таа цел пред Велигден и Рамазан Бајрам да се спречи евентуален дисбаланс, рече Ковачевски.

Производителите најмалку 70 отсто од домашното прпизводство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар.

Слично

Поврзани вести