ЈАХТА НА СОПРУГАТА НА РУСКИ ОЛИГАРХ ПРОНАЈДЕНА ВО ХРВАТСКА: Луксузната „Ирина ВУ“ со години пловела по Јадранското Море
ИРИНА ВУ,
35-метарската јахта на сопругата на санкционираниот руски олигарх Алишер
Усманов, која во понеделникот ја разоткри порталот Оштро, моментално е на копно
во близина на марината Бетина на островот Муртер. Откако Oštro го објави
текстот како дел од меѓународниот истражувачки проект Russian Asset Tracker, анонимен
читател им испратил фотографии од луксузниот брод.
Од Министерството за море, транспорт и инфраструктура за Оштро потврдија дека минатата недела била изречена привремена забрана за користење и заминување на три пловни објекти „поради основано сомневање за поврзаност на сопственикот на јахтата со лицата на списокот со санкции. “. Бродовите се наоѓаат во пристаништето Бетина, во АЦИ Скрадин и во пристаништето Риека. Министерството не потврди дали меѓу нив е и јахтата Ирина ВУ.
Јахтата со години пловела по Јадранското Море
Порталот Оштро ја открил јахтата додека работел на меѓународен проект заедно со 25 медиуми предводени од OCCRP. Досега се откриени повеќе од 145 субјекти во вредност од околу 17,5 милијарди долари.
Врз основа на документи до кои дошол Оштро, е утврдено дека јахтата, која долги години пловела по Јадранското Море, била во сопственост на фирми поврзани со Ирина Винер-Усманов, сопругата на Алишер Усманов, кој сега е на списоците на санкционирани лица на Европската унија, САД и Велика Британија по руската агресија врз Украина.
Освен јахтата Ирина В.У., Оштро открил и друг имот на членови на семејството на Усманов кои не биле меѓу санкционираните лица: стара викендичка и голема шума на Пељешац, кои припаѓаат на сестрата на Усманов.
ФОТО: YouTube