Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јахјага повика блокадата да се реши според правилата на ЦЕФТА

Јахјага повика блокадата да се реши според правилата на ЦЕФТА
Недоразбирањата треба да се решат институционално, според правилата на ЦЕФТА, повика претседателката на Косово, Атифете Јахјага. Таа упати апел до владите во Приштина и во Скопје да најдат заедничко решение за да се нормализира слободниот проток на стока и луѓе меѓу двете земји. „Косово и Македонија се во процес на евроинтеграција и за да ја постигнат таа цел треба меѓусебно да си помагаат. Слободното движење на луѓе и стока е еден од основните предуслови за добри меѓусоседски односи и евроинтеграции“, изјави Јахјага по средбата во Приштина со словенечкиот пртседател, Борут Пахор. Косовската влада вчера ги повика своите граѓани да избегнуваат да патуваат во Македонија, освен во итни случаи.
Слично

Поврзани вести