Јахјага бара Косово да прифати 3000 бегалци
Атифете Јахјага ја повикала владата на Иса Мустафа да го организира влезот на 3000 бегалци од Сирија, кои во моментов се наоѓаат на улиците на Европската унија.
Според неа бегалците може да бидат сместени во објектите, кои биле користени од страна на силите на НАТО во Косово - КФОР.
„Газета експрес“ пишува дека Јахјага официјално побарала од владата да прифати три илјади сириски бегалци. Пред тоа таа го коментирала ова прашање со министерот за труд и социјална политика Арбана Абраши.
Синоќа во центарот на Приштина граѓаните палеа свеќи за загинатото три годишно момче Ајлин Курди, чија слика го потресе светот.
Слично
