Јагленот го снемува во Македонија како добар бизнис за малите концесионери
Интерунион-Груп Скопје е фирмата со која Владата овој месец го раскина договорот за концесија за експлоатација на јаглен кај локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Компанијата е во сопственост на бизнисменот Неби Исуфи, а концесијата претходно беше со важност до 2043, според договорот во регистарот на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
„Со оваа одлука Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина јаглен на локалитетот "Пискупштина", Општина Струга, бр.24-271/6 од 18.7.2013 година, еднострано се раскинува од страна на концедентот, бидејќи концесионерот врши експлоатација надвор од експлоатационото поле за кое е издадена дозвола за експлоатација“, наведено е во одлуката на Владата.
Жителите на струшкото село Пискупштина во Долнодримколскиот Регион последниве месеци алармираа за екстремно загадување на воздухот, појава на густ чад, непријатна миризба на сулфур и за видлива прашина што се таложи врз куќите и врз обработливите површини. Концесионерот продолжуваше со исокп, иако јагенот истивремено беше лесно запалив Покрај тоа, имаше реакции дека со експлоатацијата на јаглен е уништена патната инфраструктура, која води до селото.
Спoред дсегашните биланси на Интеруниoн-Груп мoже да се види дека фирмата добрo зарабoтувала изминатите години со повеќе од 50 отсто добивка во однос на приходите.. Иако продажбите се намалуваат, добивките минатите години се движеле меѓу половина и еден милион евра. Оваа фирма експлоатира и варовник во Арачиново.Покрај Интерунион-Груп, во земјата има уште неколку помали концесинери за ископ на јаглен како приватни субјекти. Може да се каже дека најдобро меѓу нив му оди на ЏМП Коп, нов концесионер кој од 2022 има право да копа јаглен кај локалитетот Забрдо во Новаци во близина на РЕК Битола. Фирмата на Дриљон Ајдини и Панајотис Анастасиадис лани има прикажани приходи од безмалку 4 милиони евра. Останатите два приватни субјекти кои експлоатираат јаглен - акционерското друштво „Брик“, во сопственост на повеќе помали акционери, и „Еуролигнит“, во сопственост на офшор компанија, остваруваат годишни приходи од само неклку стотина илјади евра од експлоатациите во Беровоо, односно Катланово.
Што се однесува до ЕСМ, минатиoт месец беше раскината концесијата за јаглен за рудникoт во Oсломеј, поради исцрпени наоѓалишта и економска неисплатливост. Концесијата и онака истекуваше овој месец. ЕСМ сега единствено ги има концесиите за ископ на јаглен кај РЕК Битола, поточно за рудниците Суводол, Брод-Гнеотино и Живојно, каде што уште не е започната експлоатацијата.
А.К.
