Јадроплов тоне во банкрот
Вредноста на основниот капитал е близу нула, компанијата месечно генерира негативен паричен тек во износ од 1,5 милиони долари, неликвидна е несолвентна, на работниците не им се исплатени три плати и приноси за десетина месеци, нема можности на ново кредитбо задолжување, пишува Слободна Далмација.
Кога ќе настапи банкрот ќе одлучи ЛБ/Норд банка во Хановер или довавувачите кога ќе почнат да ги запираат презадолжените бродови.
Искажаните загуби на Јадроплов за 2014 година изнесувал 118 милиони куни, или 18,9 милиони долари.
Вистинската загуба, меѓутоа изнесува 537 милиони куни, или 85,3 милиони долари. Разликата помеѓу искажаниот и вистинскиот губиток е резултат на нееднаквоста помеѓу книговодствената и пазарна вредност на флотата, пренесува Seebiz .
