ЈА ЗАСТАПУВАШЕ МЕЛАНИЈА ТРАМП, СЕГА СТАНА ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЛОВЕНИЈА: Победи адвокатката Наташа Пирц Мусар
Во вториот круг
од претседателските избори во Словенија победи Наташа Пирц Мусар, независна центристка,
адвокатка и бранителка на човековите права со преброени 92,65 отсто од
гласовите. Таа освои 53,98 отсто од гласовите на избирачите, додека нејзината
конзервативна противкандидатка Анже Логар доби поддршка од 46,02 отсто од
гласачите. Логар му честиташе на противничкиот кандидат, објавувајќи дека
Словенија ја доби првата жена шеф на држава.
Пирц Мусар, адвокатка (54) специјализирана за заштита на лични податоци, која ја застапуваше и сопругата на поранешниот американски претседател, Меланија Трамп, е позната и како застапник за правата на ЛГБТ популацијата. Работела 15 години во Советот на Европа како експерт за човекови права.
И Логар и Пирц Мусар се формално независни кандидати, иако поранешниот шеф на дипломатијата е долгогодишен член на партијата на Јанша. Логар официјално не е кандидат на СДС, бидејќи во тој случај би имал многу помали шанси да ја добие поддршката од гласачите од центарот.
Иако беше министер за надворешни работи во владата на Јанша (2020-2022), 46-годишниот Логар се обиде да се дистанцира од својот партиски шеф во кампањата и да се претстави како умерен политичар, избегнувајќи ја острата реторика карактеристична за поранешниот премиер.
Во изборниот штаб на Наташа Пирц Мусар во тек е голема прослава.
