Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА СИМНА ШВАЈЦАРИЈА ОД ТРОНОТ: Која земја и официјално е најскапа во светот?

ЈА СИМНА ШВАЈЦАРИЈА ОД ТРОНОТ: Која земја и официјално е најскапа во светот?

Трошоците за живот во Исланд ги надминаа трошоците за живот во Швајцарија, со што оваа земја повторно стана најскапата во светот, објави исландскиот синдикат „Виска“, повикувајќи се на податоци од Евростат и Централната банка на Исланд.

Економистот на споменатиот синдикат, Вихјалмур Химарсон, изјави дека цените во Исланд сега се за три проценти повисоки отколку во Швајцарија. Последен пат ова беше случај во 2018 година.

Овие податоци се уште една причина зошто финансиската прифатливост на животот во Исланд е проблематична, објавува Блиц.

Високите плати, економијата базирана на силен туризам, скапите недвижности и зависноста од увоз придонесоа оваа земја да биде најскапа за живеење во светот.

Проценката на синдикатот се базира на меѓународна споредба на цените. Тие споредија колку чинат истите производи и услуги во различни земји. Преку оваа споредба, тие утврдија дека вкупните трошоци се повисоки отколку во Швајцарија, пишува порталот „НордискПост“.

foto Wikipedia/ Andrii Gladii 

Слично

Поврзани вести