Ја премина границата: Пулмологот Несторовиќ во брутално видео Кон и Тиодоровиќ ги претставува како платеници
Српскиот доктор
Бранимир Несторовиќ, кој до неодамна беше член на Кризниот штаб, денеска
повторно ја шокираше јавноста во Србија со видео што го објави на Фејсбук, а со
кое ги исмејува неговите поранешни соработници во Кризниот штаб, д-р Предраг
Кон и Бранислав Тиодоровиќ
Тој пред извесно време изјави дека отсекогаш бил „црна овца“ и дека почнал да го чувствува притисокот на јавноста, и дека тоа влијае на неговото семејство.
Наведувајќи ги овие причини, тој го напушти Кризниот штаб веднаш по првиот бран на епидемијата, но честопати се појавува на социјалните мрежи и го привлекува вниманието со свои коментари околу епидемиолошка
Видеото е монтажа и алудира на фактот дека двајцата експерти кои се појавуваат како карикатури, се платеници, кои постојано зборуваат за бројот на смртни случаи, има емоџи на мртви тела, вакцини, како и пари.
Српските медиуми денеска пишуваат дека угледниот пулмолог Несторовиќ, со ова видео, сепак ја премина границата.
