Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја­ки­мов­ски за Карпош: бесплатни паркинзи, спортски сали, фасади, нови работни места

Ја­ки­мов­ски за Карпош: бесплатни паркинзи, спортски сали, фасади, нови работни места
Га­си­фи­ка­ци­ја на Кар­пош, из­град­ба на пар­кин­зи без зон­ско пар­ки­ра­ње, ба­зе­ни, спорт­ски са­ли, бесп­лат­ни гра­дин­ки, ужи­ни и ек­скур­зии, ре­кон­струк­ции на згра­ди­те и но­ви фа­са­ди, најави акту­ел­ни­от гра­до­на­чал­ник на оп­шти­на­та Кар­пош, Стев­чо Ја­ки­мов­ски. Тој денеска ја прет­ста­ви про­гра­ма­та за прет­стој­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри. - Ќе соз­да­ва­ме ус­ло­ви за но­ви ра­бот­ни ме­ста, се­кој млад чо­век до 29 го­ди­ни, кој ќе отво­ри фир­ма, ќе би­де ос­ло­бо­ден од фир­ма­ри­на, да­нок на имот. Се­кој ин­ве­сти­тор кој ин­ве­сти­ра во на­ша­та оп­шти­на и вра­бо­ту­ва, ќе има пра­во на по­врат на ко­му­на­ли­и­те, до­кол­ку над 70 от­сто би­дат жи­те­ли на оп­шти­на Кар­пош - из­ја­ви Ја­ки­мов­ски. Тој пре­ку сво­ја­та про­гра­ма нај­а­ви под­др­шка на спор­тот и кул­ту­ра­та, гри­жа за си­ро­маш­ни­те жи­те­ли, из­град­ба на пен­зи­о­нер­ски до­мо­ви и вер­ски об­је­кти, ка­ко и отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста. - Мо­ја­та оп­ци­ја во оваа из­бор­на кам­па­ња е да гра­ди­ме и да соз­да­ва­ме, не са­мо ин­фра­стру­кту­ра и об­је­кти, ту­ку и среќ­ни лу­ѓе. За ме­не тоа е хра­бра оп­ци­ја ко­ја мал­ку­ми­на по­ли­ти­ча­ри ја за­ста­пу­ва­ат - из­ја­ви Ја­ки­мов­ски.
Слично

Поврзани вести